ЗОО Скопје: Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе, голема трагедија и шок за сите нас !!!

0
53

Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО.  Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоонегувател Ристе Трајковски 
Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот.

Нека ти е светол патот, почивај во мир колега и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошка градина Скопје.
За трагедијата да биде уште поголема, околу 16:00, го загубивме и нашиот Флопи- една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе. Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај  сите максимални напори,  Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе 

Ве молиме да го имате предвид тагувањето на сите вработени во овој момент, ова е голема трагедија и шок за сите нас.
Законските процедури и постапки се запазени и се во тек, штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here