Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре е во официјална посета на Црна Гора. На својот Фејсбук профил тој објави дека билатералните релации со Црна Гора се пресликуваат и во добрата соработка низ регионалните процеси. „Споделуваме интерес за ЕУ интеграцијата, геополитичките случувања во поширокото соседство и влијанието од руската воена инвазија врз Украина“, додава Пендаровски.
The post Пендаровски во Црна Гора: Билатералните релации се пресликуваат и во добрата соработка низ регионалните процеси first appeared on TV21.mk.