Гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Противпожарни екипи со возила се на терен и го гасат пожарот. Огнот зафатил и пластични материјали што предизвикува густ црн чад во центарот на Скопје. Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано. На терен се и полициски екипи.
The post ВИДЕО: Горат магацин и пластика во кругот на фабриката „Треска“ first appeared on TV21.mk.