Авганистан: Жените треба да носат бурка на јавни места

Врховниот лидер на Авганистан и шеф на талибанците денеска им нареди на жените во земјата да носат бурка на јавни места, што ќе го покрива целото тело. Тоа е една од најстрогите мерки за контрола врз животот на жените откако талибанците ја презедоа власта. – Тие мора да носат чадори (бурки од глава до пети) […]

The post Авганистан: Жените треба да носат бурка на јавни места first appeared on TV21.mk.

Related

Зеленски: Борбите на истокот се брутални, дневно гинат меѓу 50 и 100 украински војници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во борбите на истокот од земјата секој ден гинат меѓу 50 и 100 Украинци. Притоа тој очигледно мисли на воените жртви на конфликтот. Најжестоки борби деновиве се водат околу градовите Северодонецк и Лисичанска, во Луганск, еден од двата региони што ја сочинуваат провинцијата Донбас на истокот на земјата, која Русите се обидуваат да ја освојат. Сергеј Гајдаи, гувернерот на Луганск, во телевизиско интервју изјави дека Русија користи „тактика на изгорена земја“ и дека Северодонецк е нападнат „од четири различни правци“. Но, тој тврди дека руските сили не успеале да влезат во градот. Дописничката на Гардијан од борбите во Украина, Ема Греам-Томпсон, наведува дека земјата досега не била особено транспарентна за сопствените воени жртви, додавајќи дека фактот што Зеленски отворено зборува за бројките значи дека во последниот месец на истокот од земјата се убиени 3.000 Украинци, додавајќи по некој збор за тоа колку се брутални борбите што таму се водат.

Сообраќајна несреќа во Скопје – се судрија пикап и моторцикл

Сообраќајна несреќа меѓу пикап и моторцикл се случила утринава кај трговскиот центар Скопјанка во Аеродром. Според фотографиите од терен може да се забележи дека од ударот е скршено едно од задните стакла на пикапот. Засега нема информации за повредени лица.

Русија предупредува: Артикот може да стане бојно поле по одлуката на Финска и Шведска за членство во НАТО

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на Финска и Шведска да влезат во НАТО може да го претвори арктичкиот регион во меѓународно бојно поле. Рускиот дипломат Николај Корчунов изјави дека Шведска и Финска претходно биле одговорни за безбедноста на Арктикот, но нагласи дека нивниот влез во НАТО воопшто нема да придонесе за мирот и безбедноста во арктичкиот регион. -Гледаме дека меѓународната воена активност се зголемува на Арктикот. Постои таканаречена интернационализација на воените активности. Ова е, се разбира, многу вознемирувачки тренд што го претвора Арктикот во меѓународна арена на воени операции. Тоа не може а да не не’ загрижи, рече Корчунов. Тој, меѓудругото, нагласи дека фактот што Шведска и Финска се неутрални држави придонесе за мирот и стабилноста во регионот на Арктикот. -Традиционалните политики на Финска и Шведска, политиките на неврзаност, одамна создадоа цврста основа за мир и стабилност во овој дел од светот. Потенцијално е малку веројатно дека пристапувањето на овие земји во НАТО ќе придонесе за оваа цел, заклучи рускиот дипломат.

Премиерот Ковaчевски на средба и аудиенција кај папата Франциск

Почна тет-а-тет средбата на премиерот Димитар Ковачевски со папата Франциск во Ватикан. Средбата се реализира во рамките на официјалната и работна посета на делегацијата на Северна Македонија во Ватикан и Рим, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј. По средбата, предвидена е и аудиенцијата кај папата Франциск, на која заедно со Ковачевски ќе присуствуваат и ќерката Тамара Ковачевски, како и членовите на делегацијата министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Во делегацијата се и Мартин Попов, шеф на Кабинет на претседателот на Владата, Ана Андреева, секретар за комуникации, односи со јавност и протокол на премиерот, Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници, Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Пимен Илиевски, митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски, митрополит на МПЦ-ОА и Зоран Стојанов, декан на струмичка епархија на Католичката црква. Подоцна во текот на денот, Ковачевски заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе имаат средба и со државниот секретар на Светата Столица Пјетро Паролин и со секретарот за односи со државите Пол Ричард Галагер. Како дел од работната посета, премиерот Ковачевски денеска ќе се сретне и со премиерот на Бугарија Кирил Петков. Програмата во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска делегацијата на Република Северна Македонија ќе ја заокружи со полагање венец на спомен-плочата на македонски јазик во папската базилика Санта Марија Маџоре и со пригодна културно-уметничка програма во која ќе учествуваат и наши истакнати уметници што живеат и работат во Италија.

Осум милиони раселени лица поради војната во Украина

Последните податоци на ОН покажуваат дека осум милиони луѓе биле принудени да се раселат поради воените дејствија во Украина, од кои повеќе од шест милиони ја напуштиле земајта. Извештајот на Агенцијата за бегалци при ОН покажува дека бројот луѓе принудени да бегаат од конфликти, насилство, кршење на човековите права и прогон ширум светот за прв пат ја надминал границата од сто милиони. „Сочувство постои и ни е потребен сличен ангажман и за сите други кризи низ светот. Но, на крајот на краиштата хуманитарната помош е палијативно решение, а не лек. Мирот и стабилноста се единствениот одговор за сменување на негативниот тренд, за невините луѓе да не бидат приморани да избираат меѓу живот во опасност и оној во егзил“, рече Гранди.