More

    Врховната Рада одобри заплена на руски имот во Украина

    Украинската Врховна Рада го одобри указот на претседателот Володимир Зеленски за заплена на руски имот во Украина, соопшти денеска пратеникот Јарослав Железњак. – Радата го усвои претседателскиот декрет за заплена на руски имот, напиша пратеникот Железњак на Телеграм. Декретот е усвоен со 334 гласа „за“, додека за усвојување на оваа одредба биле потребни 226 гласа.

    The post Врховната Рада одобри заплена на руски имот во Украина first appeared on TV21.mk.

    spot_img