Силвестри: Италија ги поддржува Македонија и Албанија за влез во ЕУ

Италија ја поддржува Македонија за влез во Европската унија. Тоа е нашиот став и ги поддржуваме и Македонија и Албанија во Европската унија. Нема друга алтернатива, порача Амбасадорот на Италија во Република Македонија, Андреа Силвестри при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев” и на Општина Штип. Амбасадорот Силвестри денеска оставри средба со ректорот на УГД-Штип, Блажо […]

The post Силвестри: Италија ги поддржува Македонија и Албанија за влез во ЕУ first appeared on TV21.mk.

Related

Делегација на СПЦ преводена од патријархот Порфириј во посета на МПЦ-ОА

Во посета на Македонската Православна Црква (МПЦ) – Охридска Архиепископија денеска и утре ќе престојува делегација на Српската Православна Црква (СПЦ), предводена од неговата светост, српскиот Патријарх г. г. Порфириј. -Утре, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, неговата светост српскиот патријарх г. г. Порфириј и неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински цркви, ќе служат Божествена литургија, најави МПЦ-ОА упатувајќи покана до верниците да земат молитвено учество. На заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19-ти месецов во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење. Вселенската патријаршија на 9-ти месецов ја призна канонската природа на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, со што по 55 години му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Таа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на татковската љубов и грижа на Вселенската патријаршија“ и најава дека МПЦ повеќе не е во раскол со целиот православен свет и оти македонските свештеници можат да служат со свештениците од другите православни цркви. Синодот на СПЦ, пак, на 16 месецов соопшти дека го прифаќа статусот на најширока можна автономија на Македонската црква, односно целосна внатрешна независност, која и беше доделена уште во 1959 година. Највисокиот црковен орган на српската црква соопшти дека во дијалогот за иден и евентуален конечен канонски статус, СПЦ ќе се води исклучиво од еклисиолошко-канонските и црковно-пасторалните принципи, стандарди и норми. Спорот меѓу двете сестрински цркви почна откако на 17 јули 1967 година, Светиот синод на МПЦ во Охрид, го свика Третиот црковно-народен собор и на свечената седница во охридската црква „Св. Климент“ ја прогласи Македонската православна црква за автокефална.

Ковачевски во Ватикан и Рим во чест на Денот на светите Кирил и Методиј

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на посетата на Рим и Ватикан, по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, ќе има тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај неговата светост папата Франциск. На аудиенцијата кај папата Франциск, заедно со Ковачевски ќе присуствуваат и ќерката Тамара Ковачевска, како и членовите на делегацијата министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Во делегацијата се и Мартин Попов, шеф на Кабинет на претседателот на Владата, Ана Андреева, секретар за комуникации, односи со јавност и протокол на премиерот, Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници, Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Пимен Илиевски, митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски, митрополит на МПЦ-ОА и Зоран Стојанов, декан на струмичка епархија на Католичката црква, соопшти владината прес-служба. Како што е најавено, Ковачевски заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе имаат средба и со државниот секретар на Светата Столица Пјетро Паролин и со секретарот за односи со државите Пол Ричард Галагер. Програмата во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска делегацијата на Република Македонија ќе ја заокружи со полагање венец на спомен-плочата на македонски јазик во папската базилика Санта Марија Маџоре и со пригодна културно-уметничка програма во која ќе учествуваат и наши истакнати уметници што живеат и работат во Италија. Како дел од работната посета, премиерот Ковачевски ќе се сретне и со премиерот на Бугарија Кирил Петков. Утре, официјалниот дел од програмата започнува со оддавање почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата Сан Клементе, каде што митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил на кој ќе присуствува целата делегација на Република Македонија предводена од премиерот Ковачевски. Работниот дел од посетата на Италија во текот на утрешниот ден ја вклучува и средбата на премиерот Димитар Ковачевски со претседателот на Советот на министри на Италија, Марио Драги. Во културно-уметничката програма, денеска во салата „Балдини“ во Рим ќе се одржи концертот на реномираниот тенор Благој Нацоски, кој ќе настапи со пијанистот Алесандро Д‘Агостини. На програмата се дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Ќе бидат изведени стихови од: Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов. Пред почетокот на концерот ќе се обрати министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ).

Британскиот турист во Грција има варичела, а не мајмунски сипаници

Британскиот турист во Грција кој се водеше како првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, има варичела, а не мајмунски сипаници, покажаа испитувањата направени во Лабораториите за микробиологија на Универзитетот во Солун и во атинската болница каде што е хоспитализиран мажот, јави дописничката на МИА од Атина. Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) доцна синоќа соопшти дека „при лабораториските испитувања на примерокот од сомнителниот случај кај мажот хоспитализиран во болницата „Атикон“, не е откриен вирус на мајмунски сипаници (monkeypox), додека примерокот беше позитивен на два повторени теста за вирусот варичела (varicella – chickenpox)“. Туристот во саботата вечерта беше хоспитализиран и се водеше како прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција, а според грчките медиуми, 29-годишниот Британец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалонија, каде што му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата. Од локалниот здравствен центар на островот, со авион итно бил пренесен во атинската болница „Атикон“, каде што беше изолиран и под надзор на лекарски тим, додека се чекаа резултатите од испитувањата.

Во реката Минесота пронајден череп стар околу 8.000 години

Дел од черепот пронајден од двајца кајакари во американската река Минесота минатото лето е стар околу 8.000 години, покажаа тестовите. Кајакарите го пронајдоа черепот во реката Минесота, 180 километри западно од Минеаполис, изјави шерифот на округот Ренвил, Скот Хејбл. Истиот бил предаден на медицински истражител, а потоа и на ФБИ, каде форензички антрополог утврдил дека најверојатно се работи за череп на млад човек кој живеел помеѓу 5500 и 6000 година п.н.е., рече Хебл. „Бевме шокирани што черепот беше толку стар“, рече тој. Сепак, по објавените фотографии од черепот, Индијанците побараа тие да бидат отстранети, велејќи дека објавувањето фотографии од посмртните останки на предците е навредливо за нивната култура, што на крајот и го направиле. Черепот, рече Хејбл, ќе им биде предаден на племенските службеници на заедницата Горна Сиукс.

Претседател на Франција и поранешен банкар – кој е Емануел Макрон?

Емануел Макрон, претседател на Франција и поранешен банкар на Ротшилд, како и член на Социјалистичката партија и поранешен министер за економија и индустрија, стана препознатливо лице на француската политичка сцена. Не така одамна, во 2017 година, тој се најде „лице в лице“ со својата ривалка Марин Ле Пен, а истиот случај се повтори и оваа година. Макрон тогаш се сметаше за единствен вистински „мејнстрим“ кандидат поради неговата либерална ориентација. Емануел Макрон е роден како Жан-Мишел Фредерик Макрон во Амиен, град на северот на Франција, во семејство на лекари. Студирал филозофија на Универзитетот во Париз-Нантер и дипломирал на Факултетот за национална администрација во 2004 година. Макрон студирал меѓународна политика и јавна служба во престижната школа Grande école во Париз. За време на студиите работел како уредник на францускиот филозоф и историчар Пол Рикер. Тој ја започна својата кариера како финансиски инспектор во француското Министерство за економија по дипломирањето на Националната школа за администрација во 2004 година. Две години подоцна, му била понудена позицијата директор на Националното бизнис движење на Франција, но тој одбил. Во 2008 година, Макрон плати 50.000 евра за да го раскине договорот со владата. Истата година ја напушта функцијата финансиски инспектор и започнува да работи во француската филијала на финансиската групација Ротшилд како инвестициски банкар. Макрон живее со Брижит Троњо веќе 29 години, неговата поранешна професорка по француско средно училиште, која е 25 години постара од него и со која е во врска од неговата 15-та година. Тие се запознале во приватно средно училиште во Амиен, каде што таа предавала француски јазик, а тој бил 15-годишен ученик. Таа беше и шеф на актерската секција, во која уживаше Емануел. Како што велат, тоа било љубов на прв поглед. Откако неговото семејство дознало за љубовта на нивниот син, го испратиле во Париз да заврши училиште, бидејќи не ја одобрувале врската со постарата учителка. Брижит го следела и го напуштила семејството за да живее со Емануел во Париз. „На 17 години Емануел ми рече – што и да правиш, ќе бидеме заедно во брак“, рече еднаш Брижит. Пред да го запознае Макрон, Брижит беше мажена и имаше три деца со нејзиниот тогашен сопруг. Децата сега се големи, работат како инженер, кардиолог и лекар. Таа има и шест внуци. Во политичката сфера, Макрон се истакна многу рано, кога работеше за републиканското и граѓанското движење чиј член не беше. Работел и како асистент на Жорж Сара, градоначалник на Парискиот единаесетти арондисман, додека студирал на Парискиот институт за политички студии. Станал член на Социјалистичката партија на Франција на 24 години. Макрон беше назначен за заменик генерален секретар на Елисејската палата и економски советник на Кабинетот на Оланд, откако Франсоа Оланд победи на претседателските избори во 2012 година. На 26 август 2014 година беше назначен за министер за економија и финансии како член на вториот кабинет на премиерот Мануел Валс. Така тој стана најмладиот француски министер за економија од 1962 година. Тогаш беше забележан како голем застапник на Европската Унија. Макрон донесе мерки кои го зголемија сопственичкиот удел на француската држава во автомобилската компанија Рено од 15 на 20%, со што државата стана малцински партнер во компанијата. Емануел Макрон беше нагласен и со закон предложен од Советот на министри, познат како „Закон за Макрон“. Мигрантска криза Претседателот Макрон на 23 јуни 2018 година рече: „Реалноста е дека Европа не доживува миграциска криза од иста големина како онаа што ја доживеа во 2015 година.“ „Земја како Италија го нема истиот миграциски притисок како минатата година е политичка криза“. Во ноември 2019 година, Макрон воведе нови правила за имиграција за да го ограничи бројот на бегалци кои пристигнуваат во Франција, истовремено велејќи дека „ја враќа контролата“ врз имиграциската политика. Економска политика Пјер де Вил, тогашниот началник на Генералштабот на армијата, поднесе оставка на 19 јули 2017 година, по конфликтот со Макрон. Де Вилис како главна причина за повлекувањето го наведе намалувањето на воениот буџет од 850 милиони евра. Ле Монд подоцна објави дека Де Вили им рекол на група пратеници: „Нема да дозволам да ме заебаваат вака.“ Макрон го назначи Франсоа Лекуонтра да го замени Де Вилие. На 27 септември, владата на Макрон го претстави својот прв буџет, кој ги намали даноците и трошоците за да го усогласи јавниот дефицит со фискалните правила на ЕУ. Буџетот го замени данокот на богатство со оној што ги таргетираше недвижностите, исполнувајќи го предизборното ветување на Макрон за укинување на данокот на богатство. Пред да биде заменет, данокот собрал до 1,5% од богатството на француските жители чија глобална вредност надминува 1,3 милиони евра. Избори 2017 година Во првиот круг од претседателските избори на 23 април 2017 година, Макрон освои 24,01% од гласовите и заедно со кандидатката на Националниот фронт Марин Ле Пен влезе во вториот круг. Макрон беше опишан како центрист, проевропски кандидат кој се залагаше за економски реформи во неговата изборна кампања. Во вториот круг од изборите на 7 мај, Макрон го победи својот ривал освојувајќи 66,10% од гласовите, со што стана најмладиот француски претседател во модерната историја и најмладиот шеф на француската држава по Наполеон. Еден од лидерите на кампањата на Макрон ја обвини Русија дека стои зад „нападот“ врз Макрон. Изборниот штаб објави дека бил цел на „голем и координиран“ хакерски напад, откако на интернет се појавија документи кои протекоа. Неколку недели подоцна, директорот на француската национална агенција за безбедност на информатичките системи, Гијом Пупар изјави дека во нападот на претседателската кампања на Макрон не се пронајдени траги од руски хакери. Тој победи на изборите во 2022 година По учеството во вториот круг од изборите, францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе го зајакне суверенитетот на Франција доколку добие втор претседателски мандат, за да ја води земјата низ, како што рече, нова кризна ера. Предноста на Макрон во однос на неговите ривали во пресрет на изборите се зголеми по рускиот напад врз Украина, објави Ројтерс. Тој го претстави својот план за втор мандат како претседател доколку победи на изборите. Претседателот рече дека Франција ќе достигне 50 милијарди евра воени трошоци до 2025 година. Порача дека земјата треба постепено да се движи кон поместување на старосната граница за пензионирање на 65 години, а притоа да се земат предвид спецификите на одредени професии. Тој рече дека војната меѓу Украина и Русија, двата најголеми светски производители на жито, најверојатно ќе доведе до криза со храна во следните 12-18 месеци во Африка и на Блискиот Исток. Макрон конструираше дека поделбата во француската политика сега е дефинитивно онаа што ја бараше: помеѓу неговиот сопствен „реалистичен центризам“ и „отвореноста кон светот“ и „екстремизмот“ на неговите противници. „Националистичкиот екстремизам“ на Ле Пен и „Утопискиот екстремизам“ на Меланшон. Ако некогаш сте се запрашале кога е роден Макрон, ви го пренесуваме одговорот. Емануел Макрон е роден на 21 декември 1977 година и има 45 години.