Azemina Ismailji

Тодоров: Ако водевме паметна политика во раните 90-ти ќе бевме членки на ЕУ заедно со Словенија

Поранешниот министер Никола Тодоров вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека доколку ние сме воделе паметна политика во раните 90-ти, ќе сме станеле членка на Европската Унија заедно со Словенија. „Исто и тогаш беше отворен еден прозорец на можност за нас и Словенија… Ние од една таква стартна позиција се доведовме да останеме меѓу последните заглавени на една вечна станица наречена Западен Балкан и не можеме никако да излеземе од оваа вечна станица токму затоа што го пропуштивме моментумот. А моментумот е значаен во политиката“, вели Тодоров. Во продолжение целата изјава:

Тодоров смета дека за афтокефалноста на МПЦ-ОА влијаел Преспанскиот договор

Поранешниот министер Никола Тодоров вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека афтокефалноста на Македонската православна црква дошло во вистинско време, односно после повеќе вета кои се случиле на патот кон Европската Унија. Според него, на ова влијаел и Преспанскиот договор. „Доколку немаше решение на спорот со името, ова денеска што се случи тешко дека ќе се случеше или скоро невозможно е да се случеше“, вели Тодоров. Тој вели дека иако многумина ќе кажат дека не е така или влијаело и друго, сепак смета дека Вартоломеј или Вселенскиот патријарх немало да го повлечат тој чекор доколку не бил решен спорот со името.

Орбан прогласи вонредна состојба во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи вонредна состојба. Тој рече дека Будимпешта не е во позиција да се согласи со предложените нови санкции на ЕУ, вклучително и нафтено ембарго кон Русија. Во писмото до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Орбан рече дека е „неверојатно“ да се најде решение до самитот на лидерите на ЕУ следната недела и дека лидерите не треба да разговараат за ова прашање на состанокот. Во писмото тој вели: „Гледајќи ја тежината на прашањата кои уште се отворени, малку е веројатно дека може да се најде сеопфатно решение пред специјалниот состанок на Европскиот совет на 30-31 мај“. Орбан додава дека е „убеден“ дека дискусијата за пакетот санкции „во отсуство на консензус ќе биде контрапродуктивно“, додавајќи дека тоа само ќе ги нагласи внатрешните поделби без да понуди реални шанси за нивно решавање. Унгарија се потпира на руската нафта од еден нафтовод и нејзиниот лидер тврди дека ембаргото ќе ја уништи економијата на земјата. ЕУ и понуди на Будимпешта, како и на Словачка и на Чешката Република, долгогодишни исклучоци од воведување на ембаргото. И покрај тоа, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека е само „прашање на недели“ за ЕУ ​​да се договори за ембарго на руската нафта. Во изјава за Си-Ен-Ен, таа рече: „Работиме напорно на тоа во моментов, тоа е прашање на недели, но навистина мора да најдеме решение за инвестициските потреби. Затоа, ова е важно, мораме да го скроиме на начин Путин да не биде господар на нафтата“, рече таа.

Биљали: Да не трошевме време на лажен патриотизам, ќе станевме членка на ЕУ и пред Бугарија

Аналитичарот Марсељ Биљали вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека да не се трошело време на лажен патриотизам, ќе станевме членка на Европската Унија и пред Бугарија. „Ние наместо да продолжиме, ние потрошивме многу енергија на тоа што се нарекува консензул меѓуетнички, премногу лажен патриотизам, потоа го конвертирате на функција или со пари и.т.н.“, вели Биљали. Тој додава дека доколку сме постапеле поинаку, 1999 година би станале членка на ЕУ.

75 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Денеска (24.05.2022) на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 75 возачи. Од нив 24 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.  Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Popular

Тодоров: Ако водевме паметна политика во раните 90-ти ќе бевме членки на ЕУ заедно со Словенија

Поранешниот министер Никола Тодоров вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека доколку ние сме воделе паметна политика во раните 90-ти, ќе сме станеле членка на Европската Унија заедно со Словенија. „Исто и тогаш беше отворен еден прозорец на можност за нас и Словенија… Ние од една таква стартна позиција се доведовме да останеме меѓу последните заглавени на една вечна станица наречена Западен Балкан и не можеме никако да излеземе од оваа вечна станица токму затоа што го пропуштивме моментумот. А моментумот е значаен во политиката“, вели Тодоров. Во продолжение целата изјава:

Тодоров смета дека за афтокефалноста на МПЦ-ОА влијаел Преспанскиот договор

Поранешниот министер Никола Тодоров вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека афтокефалноста на Македонската православна црква дошло во вистинско време, односно после повеќе вета кои се случиле на патот кон Европската Унија. Според него, на ова влијаел и Преспанскиот договор. „Доколку немаше решение на спорот со името, ова денеска што се случи тешко дека ќе се случеше или скоро невозможно е да се случеше“, вели Тодоров. Тој вели дека иако многумина ќе кажат дека не е така или влијаело и друго, сепак смета дека Вартоломеј или Вселенскиот патријарх немало да го повлечат тој чекор доколку не бил решен спорот со името.

Биљали: Да не трошевме време на лажен патриотизам, ќе станевме членка на ЕУ и пред Бугарија

Аналитичарот Марсељ Биљали вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека да не се трошело време на лажен патриотизам, ќе станевме членка на Европската Унија и пред Бугарија. „Ние наместо да продолжиме, ние потрошивме многу енергија на тоа што се нарекува консензул меѓуетнички, премногу лажен патриотизам, потоа го конвертирате на функција или со пари и.т.н.“, вели Биљали. Тој додава дека доколку сме постапеле поинаку, 1999 година би станале членка на ЕУ.

Орбан прогласи вонредна состојба во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи вонредна состојба. Тој рече дека Будимпешта не е во позиција да се согласи со предложените нови санкции на ЕУ, вклучително и нафтено ембарго кон Русија. Во писмото до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Орбан рече дека е „неверојатно“ да се најде решение до самитот на лидерите на ЕУ следната недела и дека лидерите не треба да разговараат за ова прашање на состанокот. Во писмото тој вели: „Гледајќи ја тежината на прашањата кои уште се отворени, малку е веројатно дека може да се најде сеопфатно решение пред специјалниот состанок на Европскиот совет на 30-31 мај“. Орбан додава дека е „убеден“ дека дискусијата за пакетот санкции „во отсуство на консензус ќе биде контрапродуктивно“, додавајќи дека тоа само ќе ги нагласи внатрешните поделби без да понуди реални шанси за нивно решавање. Унгарија се потпира на руската нафта од еден нафтовод и нејзиниот лидер тврди дека ембаргото ќе ја уништи економијата на земјата. ЕУ и понуди на Будимпешта, како и на Словачка и на Чешката Република, долгогодишни исклучоци од воведување на ембаргото. И покрај тоа, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека е само „прашање на недели“ за ЕУ ​​да се договори за ембарго на руската нафта. Во изјава за Си-Ен-Ен, таа рече: „Работиме напорно на тоа во моментов, тоа е прашање на недели, но навистина мора да најдеме решение за инвестициските потреби. Затоа, ова е важно, мораме да го скроиме на начин Путин да не биде господар на нафтата“, рече таа.

71 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Денеска (24.05.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 71 возач. Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.   Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.