ТЕШКИ МУАБЕТИ ПРЕД МАКФЕСТ! Кафулињата окупирани од музичките гости

0
82

Во пресрет на втората фестивалска вечер на Макфест, инаку резервирана за најпознатите македонски музички имиња, во Штип не е интересно само на сцената каде во моментов во тек е генералната проба, туку „врие“ и во кафулињата околу Домот на културата. Убавото време ги наполни терасите кои се преполни со гости, а дел од нив ги улови и нашиот објектив.

Вечерва покрај 13-те проверени музички имиња публиката на сцената ќе ги види и чуе и избраните пет изведувачи од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи.

Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето… место, зашто заложбите на организаторот и уметничкиот на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here