Летечкото крило кажува збогум: Ди Марија се пензионира од Аргентина

0
63

Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија соопшти дека заминува во репрезентативна пензија по следното издание на Копа Америка.

Ди Марија ќе игра на настанот каде Аргентина ќе ја брани титулата следното лето, а потоа ќе ги напушти „Гаучосите“, што значи дека 35-годишниот ќе му отстапи место на некој помлад за СП 2026.

Анхел Ди Марија е дел од Аргентина од 2008 година, има 134 настапи на кои даде 29 гола. Ги освои и највредните трофеи со репрезентацијата – Светското првенство и Копа Америка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here