Икарди би можел да се пресели во Реал!!!

0
60

Реал Мадрид размислува да го ангажира напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди како замена за повредениот мадридски напаѓач Винисиус Жуниор, пренесува „Tuttomercatoweb“.

„Кралскиот клуб“ може да го добие аргентинскиот напаѓач во зимскиот преоден рок и се подготвени да платат 15 милиони евра за него.

Претходно, крилниот напаѓач на Реал Мадрид и Бразил, Винисиус Жуниор се здоби со руптура на бицепсниот мускул на бутот.

Оваа сезона 30-годишниот Икарди забележа 20 настапи за Галатасарај во сите натпреварувања, постигна 15 голови и три асистенции.

Актуелниот договор на Аргентинецот со Галатасарај е до летото 2026 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here