Се појавија фотографии! Балотели уништил автомобил од 100.000 евра

0
60

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели продолжува со своите инциденти, сега е откриено дека  направил сообраќајна несреќа и го уништил скапиот автомобил. 

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели во ноќта меѓу четвртокот и петокот доживеа тешка сообраќајна несреќа во Бреша. Се појавија и првите фотографии од местото на несреќата на поранешниот италијански репрезентативец. Неговиот автомобил удрил во бетонски ѕид покрај патот, а Балотели имал среќа, тој избегал без посериозни последици. Системот за безбедност бил активиран и го спасиле воздушните перничиња.

Според извештаите на италијанската полиција, Марио возел со несоодветна брзина, изгубил контрола и удрил во ѕид со своето Audi K8 вредно околу 100.000 евра.

На фотографиите се гледа дека автомобилот е згмечен, а на видеото од местото на сообраќајната несреќа се гледа како Балотели го напушта автомобилот. Од ударот му било тешко да оди, а брзата помош го однела во болница на дополнително набљудување.

Медиумите јавуваат дека по пристигнувањето на локалната полиција, Балотели одбил да направи алкотест. Токму поради тоа полицијата му ја одзеде возачката дозвола, додека братот на Енох Барвуа дошол да го земе и го однел дома.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here