Последни подготовки за годишната конференција на ОБСЕ

0
54

https://www.facebook.com/v2.2/plugins/like.php?action=like&app_id=825444660876468&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df1e3c23e138e5a%26domain%3Dsitel.com.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fsitel.com.mk%252Ff2d859126267%26relation%3Dparent.parent&container_width=0&href=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fposledni-podgotovki-za-godishnata-konferencija-na-obse&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&share=true&show_faces=false

https://platform.twitter.com/widgets/tweet_button.d37472b4a6622d0b1fff46ad904f6896.en.html#dnt=false&id=twitter-widget-0&lang=en&original_referer=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fposledni-podgotovki-za-godishnata-konferencija-na-obse&size=m&text=%D0%9F%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BA%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9E%D0%91%D0%A1%D0%95&time=1701195127086&type=share&url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fposledni-podgotovki-za-godishnata-konferencija-na-obse&via=sitel.com.mk

https://apis.google.com/u/0/se/0/_/+1/fastbutton?usegapi=1&size=medium&origin=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk&url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fposledni-podgotovki-za-godishnata-konferencija-na-obse&gsrc=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fabc-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Dgapi.lb.en.AOzoyjtjrhQ.O%2Fd%3D1%2Frs%3DAHpOoo9-fA1P7IZFa1fdRj158NoDqrnbYA%2Fm%3D__features__#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_close%2C_open%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cdrefresh%2Cerefresh%2Conload&id=I0_1701195126610&_gfid=I0_1701195126610&parent=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk&pfname=&rpctoken=23005829

https://www.youtube.com/subscribe_embed?usegapi=1&channel=TVSitelMakedonija&layout=default&count=default&origin=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk&gsrc=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fabc-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Dgapi.lb.en.AOzoyjtjrhQ.O%2Fd%3D1%2Frs%3DAHpOoo9-fA1P7IZFa1fdRj158NoDqrnbYA%2Fm%3D__features__#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_close%2C_open%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cdrefresh%2Cerefresh%2Conload&id=I1_1701195126613&_gfid=I1_1701195126613&parent=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk&pfname=&rpctoken=35420648

Последни подготовки за претстојниот Министерскиот совет на ОБСЕ. Со генерална проба МВР во текот на денот ги тестираше трасите по кои ќе се движат делегациите кои ќе бидат дел од годишната конференција.

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во следните денови ќе биде недостапен за граѓаните. Во реонот поставена е бела ограда и на секои 50 до 100 метри стражат полициски службеници, со што практично е невозможно да се влезе во кругот на Центарот без посебни акредитации.

На главниот влез се враќаат сите возила кои немаат дозвола.

Денешната проба ги измени и трасите на неколку автобуски линии кои сообраќаат по булеварот „Илинденска“. Така ќе биде и во наредните два дена.

Се откажаа и три рочишта на високопрофилирани судски случаи, како „Ласкарци“, „Жан Митрев“ и „Титаник“ и тие ќе се одржат кон средината на декември.

Вработените во државната и јавната администрација во Скопје утре ќе работат само до пладне, а четврток ќе им биде неработен ден. Но ова нема да важи за вработените во здравствените установи.

-Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението. Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување на медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети, велат од Здравство.

Слободен ден нема да добијат ниту вработените во пунктовите за фотографирање на лични документи. МВР соопшти дека сите закажани термини за сликање ќе бидат реализирани и апелира граѓаните да ги почитуваат термините.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here