Директори и раководители во М-НАВ поднесоа оставки !!!

0
359
Cavtat, 270922. U hotelu Croatia odrzan je prvi summit o upravljanju zracnim prometom u jugoistocnoj Europi. Foto: Bozo Radic / CROPIX

Нама крај на сагата во М-НАВ.  Незадоволни од несоодветните вработувања директори и раководители поднеле оставки. 

Еден од директорите, член на УО на М НАВ и уште девет инженери си дале оставки од раководните инструкторски места. Според информациите на Канал 5 ТВ оставките биле испровоцирани по изборот на кандидати кои поминале на огласот за инженерскиот дел, но избегале од тестовите за селекција. Станува збор за огласот од 14 декември за седум места за кој Синдикатот на контролорите предупредуваше дека со него се токмат места за нестручни и партиски кадри. Пред неколку дена стручниот колегиум на воздухопловна техника ги известиле директорите Фахрудин Хамиди, Хасим Деари и Љубе Стаменковски дека пропаднала селекцијата на кандидатите кои требало да поминат и поединечно усно интервју и тест базиран на задачи, но тие одбиле да ги одговорат. Од колегиумот му препорачале на директорот Хамиди да не ги вработува без проверка на знаењето, но огласот ниту бил поништен а подоцна дознале дека тројца од кандидатите што го одбиле тетирањето веќе биле вработени во М НАВ. На страната на инструкторите кои поднеле оставки застанал само директорот Стаменковски.

Денеска со официјална реакција излезе раководството на М НАВ, велат интервјуирање не било потребно а негодувањата биле тенденциозни.

„Интервју се спроведува доколку има двајца или повеќе кандидати кои ги исполнуваат условите за едно работно место. Во нашиот случај со инженери и техничари, имавме само по еден кандидат за сите 7 работни места. Безбедноста во ниту еден случај не е загрозена, со оглед дека истите нема да бидт вклучени во оперативно делување пред стекнување на соодветно овластување од стручните инструктори. Доколку не се стекнат со горенаведеното овластување согласно систематизицијата, истото потенцирано и во самиот оглас за вработување, ќе добијат отказ од работа.“….велат од М НАВ.

Минатата недела Синдикатот на котролорите за летање при М НАВ одлучи да го одложи штрајкот кој го најавуваше за 25 декември и Нова година како реакција на објавените огласи преку кои сметаше дека се вработуваат нестручни кадри. По преговорите со министерот за транспорт го откажаа штрајкот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here