Friday, October 30, 2020

Инцидент при рушењето – маж влезе меѓу разурнатите столбови пред ТЦ „Мавровка“

Средовечен маж се качи меѓу разурнатите столбови на дивоградбата пред „Мавровка“ за време на уривањето, пренесува „А1он“. Тој успеа...
More

    Latest Posts

    Шекеринска: Армијата се подмладува, рекорден интерес за прием

    Над илјада и 800 кандидати се пријавиле на објавениот оглас на Армијата за прием на професионални војници. Тие конкурираат за 200 места,...

    Општина Аеродром: Успешно реализирана крводарителска акција

    Успешно се спроведе крводарителската акција што денеска беше организирана во просториите на Општина Аеродром. Покрај вработените, крв даруваа и...

    Фото: Том Круз во Рим го снима седмото продолжение на хитот „Невозможна мисија“

    Холивудскиот актер Том Круз престојува во Рим каде го снима седмото продолжение од хит филмот „Невозможна мисија“ . 58...

    Неверојатниот рачен часовник на Надал

    Еден од најдобрите светски тенисер во историјата, неверојатниот Шпанец Рафаел Надал во неделата по 13 пат го подигна вредниот пехар од Ролан Гарос. 

    Тече откупот на преспанското јаболко, квалитетот одличен, цената добра

    Откупот на јаболката во преспанскиот регион засега се одвива добро.

    Јабоклопроизводителите се задоволни од досегашната откупна цена, која во моментот, според претседателот на Здружението на овоштари во Преспа Љубе Пампулевски, е од 14 до 18 денари по килограм.

    – Состојбата со откупната цена во моментот е добра. Дел од јаболката од сортите ајдаред и златен делишес одат за складирање во ладилници. Цената за нив во моментот е од 14 до 15 денари по килограм, а цената за јаболка за консумација веднаш, е од 14 до 18 денари, информира Пампулевски.

    Квалитетот и сортата, како што нагласи во изјава за МИА, се одлучувачки за цената. Екстра и прва класа од сортите црвен делишес и муцо е до 18 денари, а за златен делишес од 16 до 18 денари.

    – Цената во моментот е добра. Ако проодолжи со оваа цена и интензитетот на продажба како што е досега, сметаме дека со оваа количина што ја имаме годинава од околу 120.000 тони ќе бидат задоволени околните пазари и до март треба да заврши продажбата, вели Пампулевски.

    Годинашниот род и квалитет ги оцени како одлични, но забележа на последиците од ланското невреме што ја зафати Долна Преспа и намаленото производство за 30 до 40.000 тони, како и на последиците од климатските промени и глобалното затоплување.

    – Задоволува тоа што има екстра квалитет, боја големина. Петнаесет до 20 проценти од вкупниот род е со екстра квалитет, околу 70 отсто е прва класа и остатокот е втора класа. За индустриска преработка ќе одат јаболката што се оштетени механички при самото берење и таму откупната цена е околу три денари за килограм, додаде претседателот на Преспанските овоштари.

    За покривање на производствените трошоци потребни се околу 15 денари, во зависност од произведената количина јаболка на еден хектар.

    – За оваа година просечниот трошок за производство е 11,2 денари по килограм јаболка на произведена количина од 40 до 45 тони по хектар, појаси Пампулевски.

    Дел од јаболкопроизводителите сметаат дека откупната цена треба да е повисока, но оти ги продаваат јаболката бидејќи немаат друг избор.

    – Реалноста е таа. Јас сум песимист дека откупната цена по килограм јаболко ќе се зголеми до нова година и затоа одлучив да продадам сега што е можно повеќе додека јаболката се свежи и тешки, вели Ана Лабор, земјоделка од Царев Двор.

    Јаболковите насади на Лабор, кои се на површина од четири хектари годинава имаат одличен род. Очекува да дадат рекордни 200 тони јаболка.

    – Во моментов продаваме на „Apple Land“ јаболка од сортата ајдарет по цена од 14 денари за килограм. Таму ќе однесеме околу 75 тони од годинашниот род, информира Лабор.

    Покрај тоа што откупната цена ги покрива годишните трошоци во производството на јаболка, производителите сметаат дека за забрзан развој во овоштарството потребна е поголема цена за да може да се покријат одредени инвестиции од столбови, мрежи и слично.

    Latest Posts

    Шекеринска: Армијата се подмладува, рекорден интерес за прием

    Над илјада и 800 кандидати се пријавиле на објавениот оглас на Армијата за прием на професионални војници. Тие конкурираат за 200 места,...

    Општина Аеродром: Успешно реализирана крводарителска акција

    Успешно се спроведе крводарителската акција што денеска беше организирана во просториите на Општина Аеродром. Покрај вработените, крв даруваа и...

    Фото: Том Круз во Рим го снима седмото продолжение на хитот „Невозможна мисија“

    Холивудскиот актер Том Круз престојува во Рим каде го снима седмото продолжение од хит филмот „Невозможна мисија“ . 58...

    Неверојатниот рачен часовник на Надал

    Еден од најдобрите светски тенисер во историјата, неверојатниот Шпанец Рафаел Надал во неделата по 13 пат го подигна вредниот пехар од Ролан Гарос. 

    Don't Miss

    125 санкционирани возачи во Скопје во текот на вчерашниот ден

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на...

    Французи дале 6000 евра за маче, отпосле сфатиле дека купиле див ѕвер

    Брачна двојка од Ле Авр, Франција, поради измама завршила со милениче кое може да се покаже како доста опасно.

    Фудбалерот Ристовски победата на Македонија ја прослави со музика(видео)

    Стефан Ристовски, играчот на португалскиот клуб Спортинг Лисабон имаше голем придонес за пласманот во големото финале од плеј-офот за пласман на победата...

    Зголемувањето на казните за неносење маски, нема да даде ефект, смета Спасовски

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информира дека неколку пати досега е отворено прашањето за зголемување на казните за неносење маски,...

    Прегазена 46-годишна жена на регионалниот пат кај Кадрифаково

    Четириест  и шестгодишна самохрана мајка С.С. од светиниколското село Кадрифаково утрово загина кога го преминувала регионалниот пат Штип – Свети Николе, откако...