Супер совет за побрзо да надојде тестото: Фантастичен и едноставен трик кога сте во брзање, нема повеќе да чекате еден час

Share This Post

Кога ќе го замесите тестото, обично треба да стои на собна температура околу половина час до еден час за да надојде. На популарната социјална мрежа TikTok има видео за едноставен трик кој ќе ви помогне да ги постигнете истите резултати за 5 минути. Се што треба да направите е да ја доведете водата до вриење […]

The post Супер совет за побрзо да надојде тестото: Фантастичен и едноставен трик кога сте во брзање, нема повеќе да чекате еден час first appeared on TV21.mk.

spot_img

Related Posts

Иновативната тутунска алтернатива IQOS две години присутна во Македонија

Иновативниот уред IQOS кој претставува помалку штетна алтернатива во однос на цигарите, веќе две години е присутен и на македонскиот пазар. Со појавата на овој електронски уред, возрасните пушачи кои не сакаат да се откажат од цигарите добија можност да се приклучат на големото семејство од над 21 милиони луѓе ширум светот кои кои го користат  овој систем за загревање развиен врз база на научни докази. Овој електронски уред го загрева, а не го согорува тутунот, при што се создава аеросол кој во себе содржи во просек 95 отсто помалку штетни и потенцијално штетни состојки во однос на чадот од цигарите. Со загревањето се задржува истото ниво никотин, но се елиминираат чадот, катранот, пепелта и други штетни состојки кои настануваат при процесот на согорување на цигарите. Пред две години, реномираната американска агенција за храна и лекови (ФДА) донесе одлука во која меѓудругото наведува и дека целосен премин од класичните цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи. Уредот е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Овој иновативен уред е достапен на 71 пазар во светот. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International. Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис интернешнл и Тутунскиот комбинат Прилеп основана во 2014 година.

Владата и СОНК се договорија – 12% покачување за наставниците

Синдикатот за образование, наука и култура и Владата на...

Трајковски: Подготвени сме за победа против Грузија, но ќе треба самодоверба, тимски дух и многу борба!

На македонската фудбалска репрезентација ѝ претстои еден од најважните натпревари во новата сезона од Лигата на нации, вечер од 20.45 часот, против Грузија, на арената „Тодор Проески“. Еден од најискусните наши репрезентативци, Александар Трајковски за ВидеолотаријаКасинос Австрија го најави големиот натпревар, велејќи дека Македонија ќе може до победа само со својот препознатлив, тимски дух. По првата победа во овој циклус, на гости кај Гибралтар, македонските фудбалски репрезентативци земаат залет за нови три бода, со кои би го освоиле врвот во нашата група 4. Противникот е познат и буди пријатни спомени, бидејќи токму против грузијците, на 12 ноември 2020 година остваривме историска победа за пласман на ЕУРО 2020. Но, тоа значи и дека сега тие ќе имаат уште поголем мотив за реванш и уште посериозно ќе го сфатат предизвикот наречен Македонија. Затоа, Александар Трајковски предупредува дека него и соиграчите ги очекува тежок натпревар од 20.45 часот, на кој мора да прикажат самодоверба и борба за секоја топка, ако сакаат да стигнат до планираната победа. „Ова ќе биде еден од важните натпревари за македонската репрезентација. Треба да бидеме на наше највисоко ниво за да го добиеме. Играме пред наша публика и се надевам дека тоа ќе ни биде дополнителна мотивација. Мораме максимално да одиграме од првата до последната минута. Нема да биде воопшто лесен натпревар, Грузија е квалитетен противник и се разбира дека има свои амбиции за првото место во групата. Само со нашиот препознатлив тимски дух, самодоверба и борба за секоја топка можеме да ја постигнеме целта. Подготвени сме и ќе излеземе на терен да победиме“, изјави Трајковски, кој има 78 натпревари и 20 гола во националниот дрес. Тој остана на клупата во историската победа во Тбилиси, исто како и на единствениот домашен меч против Грузија, во октомври таа година, кога одигравме 1-1. Грузијците не успеаја да ја совладаат Македонија и кога беа домаќини, во август 2020, резултатот и тогаш беше 1-1. Меѓутоа, покажаа дека сега се во одлична форма, триумфирајќи со 5-2 на гости кај Бугарија и со 4-0 дома со Гибралтар. Сепак, магијата која ја создава македонската публика, со своите херои на теренот многу пати досега се покажала несовладлива енигма за противниците, а ВидеолотаријаКасинос Австрија, како верен партнер на фудбалската репрезентација на Македонија верува во нова победа и нова радост за спортските фанови. #ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

Пратениците на СДСМ и ДУИ не дојдоа на седницата на која требаше да се расправа за пожарот во тетовската болница и автобуската несреќа во...

Пратениците од редовите на СДСМ и на ДУИ не дојдоа на денешната седница на постојаната анкетна комисија за заштита на правата на граѓаните, јавува репортерката на ТВ21. На Комисијата требаше да се расправа за случаите со пожарот во модуларната болница во Тетово, и автобуската несреќа во Бугарија. Неприсуството на владеачкото мнозинство е скандалозно и бегање од правдата, оценија пратениците од опозицијата.

Почетокот на бонус играта „бонус online” Државна лотарија го одбележува со донација за институт за белодробни заболувања кај децата во Козле

Државна лотарија на барање на учесниците во игрите на среќа започна втора сезона од бонус играта за забава и добивки „БОНУС ONLINE“. Почетокот на играта, го одбележа со автомобилистот Ристо Вуков – Рико, кој вчера, на 9.6.2022 год, гостуваше во Лото емисијата и за првпат во втората сезона, симболично го заврте тркалото на среќата. Сумата од 100 000 денари испишана на полето на коешто застана стрелката, Државна лотарија ја триплираше, со цел  донација од 300 000 денари за ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања кај децата – КОЗЛЕ. Нашиот спортист Ристо Вуков – Рико е еден од нашите најдобри автомобилисти којшто како бренд амбасадор ја пренесува пораката за одговорно учество во игрите на среќа,  поволностите на брзото, лесно и безбедно онлајн учество преку веб-страната www.loto.mk и потсетува дека преку учество во игрите на среќа на Државна лотарија, сите придонесуваме за поддршка на општествено корисни цели. Сите коишто сакаат да учествуваат во бонус играта „Бонус ONLINE“ можат да се регистрираат брзо, безбедно и лесно на веб страната www.loto.mk и да ги уплатат среќните бројчиња. Доколку бидат извлечени по електронски пат добиваат ексклузивна можност да го завртат Тркалото на среќата во Лото емисија и да добијат бонус од 50 000, 100 000 или 150 000 денари. Минатата сезона на бонус играта „Бонус ONLINE“ беа освоени вкупно 2 200 000 денари, а со тоа испишавме бројни среќни приказни на нашите ONLINE играчи. Државна лотарија е активен член на нашето општествено живеење и донира во општествени одговорни цели согласно своите начела и стратегија на делување. Нашите игри на среќа менуваат животи, не само за добитниците туку и за сите оние коишто се крајни корисници на општественоодговорните цели во коишто се инвестира со секоја нова уплата. Повеќе податоци на www.loto.mk
- Advertisement -spot_img