Here to help

Contact ONAIR

+38978388823

Latest articles

Иновативната тутунска алтернатива IQOS две години присутна во Македонија

Иновативниот уред IQOS кој претставува помалку штетна алтернатива во однос на цигарите, веќе две години е присутен и на македонскиот пазар. Со појавата на овој електронски уред, возрасните пушачи кои не сакаат да се откажат од цигарите добија можност да се приклучат на големото семејство од над 21 милиони луѓе ширум светот кои кои го користат  овој систем за загревање развиен врз база на научни докази. Овој електронски уред го загрева, а не го согорува тутунот, при што се создава аеросол кој во себе содржи во просек 95 отсто помалку штетни и потенцијално штетни состојки во однос на чадот од цигарите. Со загревањето се задржува истото ниво никотин, но се елиминираат чадот, катранот, пепелта и други штетни состојки кои настануваат при процесот на согорување на цигарите. Пред две години, реномираната американска агенција за храна и лекови (ФДА) донесе одлука во која меѓудругото наведува и дека целосен премин од класичните цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи. Уредот е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Овој иновативен уред е достапен на 71 пазар во светот. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International. Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис интернешнл и Тутунскиот комбинат Прилеп основана во 2014 година.

Пратениците на СДСМ и ДУИ не дојдоа на седницата на која требаше да се расправа за пожарот во тетовската болница и автобуската несреќа во...

Пратениците од редовите на СДСМ и на ДУИ не дојдоа на денешната седница на постојаната анкетна комисија за заштита на правата на граѓаните, јавува репортерката на ТВ21. На Комисијата требаше да се расправа за случаите со пожарот во модуларната болница во Тетово, и автобуската несреќа во Бугарија. Неприсуството на владеачкото мнозинство е скандалозно и бегање од правдата, оценија пратениците од опозицијата.

ВИДЕО: МНР на Бугарија Теодора Генчовска поднесува оставка од функцијата

Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска пред БТВ изјави дека во текот на денот до Собранието ќе ја депонира оставката откако дознала дека премиерот Кирил Петков водел паралелни преговори за тоа како да падне ветото за Македонија. Интервју на МНР на Бугарија Теодора Генчовска за Би-Ти-Ви На овие средби како што вели таа Петков со европски лидери разговарал како да се заобиколи бугарското вето за Република Северна Македонија. „Министерството за надворешни работи е совршена институција. По секоја средба има стенограми. Тие според содржината имаат различна класификација и по потреба може да се покажат“, рече Генчовска. Надворешната политика не треба да зависи од политичките партии“, рече Теодора Генчовска.